Дома Топ вести Најскапиот трансфер договорен: Енцо Фернандез ги мина лекарските прегледи

Најскапиот трансфер договорен: Енцо Фернандез ги мина лекарските прегледи

Челзи е во трка со времето да го комплетира трансферот на Енцо Ферандез од Бенфика за 120 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот не отпатува со тимот за гостувањето кај Арука, а „Скај Спорт“ пренесува дека ги минал лекарските прегледи во Лисабон.

Самиот Фернандез им се доверил на соиграчите дека трансферот помеѓу Бенфика и Челзи е договорен, па двата клуба се во трка со времето да го комплетираат трансферот до затворањето на преодниот рок.

Челзи ќе ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра, но постигна договор со Бенфика сумата да ја плати на пет рати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…