„Газета дело Спорт“ утрово излезе со информација дека пропаднале преговорите помеѓу Милан и Рафа Леао за продолжување на договорот.
Леао на лето влегува во последната година од договорот, а Милан веќе подолго време преговара со неговите агенти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблемот настанал кога Леао побарал неговата откупна клазула да изнесува 70 или 80 милиони евра, додека Милан сака да ја задржи клаузулата од 150 милиони евра, пренесе „Газета дело Спорт“.
Весникот пренесе дека поради тоа комплетно пропаднале преговорите помеѓу двете страни, но набрзо стигна демант од Милан.
Миланскиот клуб ги демантира ваквите тврдења и истакна дека преговорите течат според планот.
AC Milan official statement following rumours of new deal talks collapsed with Rafa Leão 🚨⤵️ #DeadlineDay
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2023
“Stories on negotiations collapsed with Leão are fake — also damaging image of both club and player. AC Milan keep negotiating with Leão in professional way”. pic.twitter.com/yQR9f4IWXK