Дома Фудбал Барселона не може да регистрира уште еден нов договор

Барселона не може да регистрира уште еден нов договор

Раководството на Барселона продолжува да работи на нови договори на фудбалерите, иако не можат да бидат регистрирани во Ла Лига.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред неколку дена Каталонците го продолжија договорот на Маркос Алонсо, кој минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Поради финансиски потешкотии на клубот тогаш 32-годишниот дефанзивец потпиша само едногодишен договор.

Сега Алонсо потпиша нов договор со каталонскиот гигант, но неговиот догиовор не може да биде регистриран во Ла Лига.

Ова не е единствен случај, и новите договори на Гави, Араухо Балде и Пења не можат да бидат регистрирани. Барселона се надева дека на лето ќе ги регистрира договорите кога некои фудбалери ќе заминат, па ќе се отвори простор за новите плати на овие фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…