Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по освојувањето на Австралија Опен го држеле на допинг контрола до три часот наутро!

Ѓоковиќ по освојувањето на Австралија Опен го држеле на допинг контрола до три часот наутро!

Новак Ѓоковиќ вчера го победи Стефанос Циципас и така стигна до 10-тата титула на Австралија Опен. Од денес Србинот и официјално повторно е број еден тенисер во светот, на лидерската позиција се врати по осум месеци.

Но, по победата против Циципас Ѓоковиќ не можел да слави како што посакувал затоа што имал долга ноќ.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Српскиот ас беше запрашан како поминал на прославата, а неговиот одговор низ насмевка гласеше.

„Со медиуми и допинг контрола. Во сместувањето се вратив во три часот наутро, беше навистина долга ноќ. Не можев да славам како што сакав. Очекувам тоа да се случи по враќањето во Европа“, изјави Ѓоковиќ кој утрово испрати порака и со пехарот во раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Муратоглу: Ако Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, може тоа да го направи и Синер

Патрик Муратоглу, едно од најголемите имиња меѓу тренерите на денешницата, вели дека Јаник…