Дома Фудбал Италија Пиоли: Сега наша цел е пласман во Лигата на шампиони

Пиоли: Сега наша цел е пласман во Лигата на шампиони

Актуелниот италијански шампион Милан продолжи со лошите партии и доживеа уште еде дебакл, откако на „Сан Сиро“ беше поразен од Сасуоло со 5:2.

Сега „росонерите“ се далеку од врвот, а тренерот Пиоли истакна дека до крајот Милан ќе се бори за пласман во Топ 4 и билет за Лигата на шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Чувствувам големо разочарување, но нема далеку да стигнеме со разочараност. Перформансите на последните мечеви кажуваат дека се мачиме, ова мора да ме натера да разберам што треба да направиме за да ја подобриме ситуацијата и да се справиме на поинаков начин“, вели Пиоли.

„Нашето Скудето оваа сезона ќе биде обезбедување на место во Лигата на шампионите, тоа е нашата цел.Откако не успеавме да ја победиме Рома и покрај тоа што водевме со 2-0, како да не можеме да ја играме нашата игра. Мораме да докажеме дека се уште можеме да имаме добра сезона и да обезбедиме место во Лигата на шампионите“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…