Дома Фудбал Англија Артета стравува: Чека резултати од магнетна резонанца на еден од најважните фудбалери

Артета стравува: Чека резултати од магнетна резонанца на еден од најважните фудбалери

Aрсенал вчера беше поразен од Манчестер Сити на „Итихад“ во четвртата рунда од ФА Купот (1:0), но по овој натпревар Микел Артета доби и уште една лоша вест.

Имено, Томас Парти не го доигра натпреварот и се пожали на болки во грбот. Стравувањата се дека можеби во прашање е повреда на ребрата која би го одалечила подолг период од терените.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Парти е еден од најважните играчи во ростерот на Артета и шпанскиот стратег е во исчекување на информациите за неговата повреда.

„Томас почувствува болка во ребрата и не сакавме да ризикуваме, затоа беше заменет. Тоа што го почувствува стануваше полошо и полошо. Ќе мораме да направиме магнетна резнонанца да видиме за што станува збор“, изјави Артета по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Мбапе на 26 години го израмни рекордот на Тиери Анри

Капитенот на Франција Килијан Мбапе изјави дека е „лудо“ тоа што на 26 години се изедначил…