На серијата без победа на Ајакс како да не и се гледа крајот, гигантот од Амстердам е веќе седум натпревари без победа откако вчера не го победи Волендам (1:1).
Волендам е една од најслабите екипи во холандското првенство и се наоѓа во зоната на испаѓање, па затоа управата на Ајакс реагираше и го смени тренерот Шројдер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ајакс го смени Алфред Шројдер. Тренерскиот договор важеше до 30. Јуни 2024 година, но сега веднаш ќе биде раскинат.
Многу изгубени бодови и неразвиеноста на тимот се главните причини за оваа од одлука. Управата повеќе немаше доверба за понатамошна соработка. Се прекинува соработката и со помошниот тренер, Матија Калтербах“, објави клубот.
Дел од медиумите најавуваат дека Оле Гунар Солскјер би можел да биде наследникот на Шројдер.