Дома Тенис Моќен настап: Ѓоковиќ фуриозно до четвртфинале на Австралија Опен!

Моќен настап: Ѓоковиќ фуриозно до четвртфинале на Австралија Опен!

Новак Ѓоковиќ лесно го победи домашниот тенисер Алекс Де Минор со 3:0 за пласман помеѓу најдобрите осум на Австралија Опен.

За првпат од почетокот на Австралија Опен Ѓоковиќ немаше проблеми со повреда во нитуи еден момент. Доминираше Ѓоковиќ од почетокот до крајот и запиша победа во која изгуби само пет гема (6:2, 6:1 и 6:2).

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде Русинот Рубљов кој денес во меч со пет сета го победи Данецот Руне.

По мечот и самиот Ѓоковиќ потврди дека денес не почувствувал проблеми со повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…