Дома Фудбал Италија Јувентус потврди: Ќе се жали на одземените 15 бодови!

Јувентус потврди: Ќе се жали на одземените 15 бодови!

Управата на Јувентус потврди дека нема лесно да се помири со казната и одземањето на 15 бода која вчера ја објави италијанската федерација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус ќе се жали за намалување или целосно укинување на строгата санкција. Обвинителите прво бараа девет бодови да бидат одземени, но потоа дојде веста дека Јувентус ќе биде казнет со дополнителни шест бодови.

Казната доаѓа поради лажирање на вредноста на фудбалерите во време на пандемијата со коронавирусоит.

Сега по оваа казна Јувентус е 10-ти на табелата со 22 бода. Потврдени беа и казните на лицата обвинети во процесот Федерико Керубини доби суспензија од 16 месеци, додека поранешните лидери на клубот, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене се суспендирани на две години, а Павел Недвед ќе мора да биде надвор од фудбалот во следните осум месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…