Дома Фудбал Останато Лудило во Доха: На тренингот на ПСЖ присуствуваа 30.000 навивачи!

Лудило во Доха: На тренингот на ПСЖ присуствуваа 30.000 навивачи!

Тренингот на ПСЖ пред натпреварот против пријателскиот натпревар составен од екипите на Ал Хилал и Ал Наср беше како фудбалски натпревар затоа што го следеа дури 30.000 луѓе.

Доаѓањето на Мбапе, Меси и Нејмар предизвика голема еуфорија во Доха. Натпреварот се исчекува со голем интерес и сите сакаат да ја видат новата битка помеѓу Меси и Роналдо. За Роналдо ова ќе биде прв натпревар откако натправи трансфер во Саудиска Арабија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Организаторите претходно веќе објавија дека онлајн пристигнале неверојатни два милиони барања за овој натпревар.

Последен пат кога Роналдо и Меси играа еден против друг беше во 2020 година кога во Лигата на шампионите се сретнаа Барсерлона и Јувентус, а клубот од Торино славеше победа од 3:0.

Натпреварот денес се игра попладнево од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…