Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Сакам да сум најдобар, затоа играм уште

Ѓоковиќ: Сакам да сум најдобар, затоа играм уште

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настапот на Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ го „брка“ рекордот кој го држи Надал со најмногу титули на Грен слем турнирите. Пред настапот Новак не ги криеше своите амбиции.

„Сакам да сум најдобар, затоа и играм се уште тенис. Сакам да ги освојам најголемите турнири. Има четири Грен Слема и тоа се најголемите турнири во историјата.

Една од главните причини поради кои сакав да се вратам во Австралија е мојот успех тука. Уживам да бидам на „Род Лајвер Аренатаз“. Имав многу успеси тука, се надевам може така да продолжам“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатата година беше депортиран од Австралија откао не доби виза и не му беше дозволен престој во земјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…