Одлуката на ЕХФ не одеше во корист на клубот од Автокоманда, а тоа беше причина и за нова реакција од клубот.
Да потсетиме, ЕХФ го прогласи Немања Обрадовиќ за слободен ракометар со што автоматски го одобрува и неговиот трнасфер во Висла Плоцк. Управата на Металург тврдеше дека Обрадовиќ не е слободен и доколку сака да замине Висла мора да плати оштета, но како што споменавме одлуката не одеше во корист на македонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соопштенито до јавноста Металург одлуката на ЕХФ ја нарекува „скандалозна“.
„Секако дека сме длабоко разочарани, сигурни сме дека имаме право во овој случај. Сите во клубот веруваме во правда, но одлуката на ЕХФ во најмала рака е скандалозна. Која е смислата на потпишување на договор со ракометарите, ако тие немаат апсолутно никаков ефект кога во игра е посилна страна. Според оваа одлука на ЕХФ, ние би можеле да останеме без било кој наш актуелен ракометар иако со истиот имаме договор. Кога сме кај „случајот“ Обрадовиќ, сигурни сме дека е казнет клубот кој беше во право, а тоа сме ние. Ова во никој случај не е фер“, соопштија од Металург.