Дома Фудбал Претседателот на Францускиот фудбалски сојуз поднесе оставка!

Претседателот на Францускиот фудбалски сојуз поднесе оставка!

Претседателот на Францускиот фудбалски сојуз Ноел Ле Грае си поднесе оставка од функцијата во очекување да заврши отворената истрага против него, објавија француските медиуми.

Привремено Ле Грае ќе биде заменет од Филип Диало кој до овој момент беше потпретседател.

Во последно време Ле Грае беше во центарот на вниманието поради изјавата која ја даде за Зинедин Зидан по објавувањето на новиот договор на Дешам со важност до 2026 гбодина.

Инаку, истрага против него се води откако фудбалскиот агент Соња Суид го обвини за ceкcуално вознемирување во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…