За познатиот портал „433“ Новак Ѓоковиќ одговараше прашања на темата, „Да сум фудбалер“.
Ѓоковиќ во спортската јавност е познат како голем фудбалски фан и навивач на Црвена Звезда и Милан, па затоа и не изненадува неговиот одговор каде би играл ако би бил фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурно би играл за клубот од мојот роден град, Црвена Звезда или пак Милан. На која позиција? Веројатно лево крило, јас сум левоног. Верувам дека би бил добар асистент на соиграчите“.
Интересно е што очеквуа да бил агресивен фудбалер со многу црвени картони.
„Веројатно би бил многу агресивен. Можеби би добил и 33 црвени картони“, низ шега прокоментира Новак.
Светското првенство би било негова најголема желба.
„Најмногу од се ќе сакав да го освојам Светското првенство со мојата Србија“.