Во овој момент најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз нема да учествува на првиот гренслем-турнир во сезоната која се игра во Австралија.
Информацијата ја потврди Шпанецот кој соопшти дека поради повреда нема да биде во можност да настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Токму кога бев во врвна форма, случајно се повредив на тренинг поради едно лошо движење.
Во прашање е повреда на мускулот на десната нога и нема да бидам подготвен за настап на Австралија Опен“, соопшти Алкараз.
Минатата година Алкараз беше елиминиран во третото коло во Мелбурн, додека на УС Опен стигна до првата гренслем-титула.