Кристијано Роналдо и Георгина Родригез со трансферот на Португалецот во Ал Наср ја напуштија Европа и нивното ново живеалиште ќе биде Саудиска Арабија.
Ако се суди според договорот кој го потпиша Роналдо, парот во оваа земја треба да помине две ипол години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа шпанските медиуми потсетија дека Роналдо и Георгина со заедничкото живеење во оваа земја го кршат законот на Саудиска Арабија.
Имено, славната двојка официјално не е во брак и живеат заеднички како партнери. Но, во Саудиска Арабија постои закон кој вели дека маж и жена не смеат да живеат заедно ако не се венчани.
Шпанскиот „Спорт“ во својот текст разговараше со адвокат од Саудиска Арабија кој потврди дека таков закон постои, меѓутоа земјата се почесто во последните години „замижува“ на вакви случаи.
„Да, законот официјално не дозволува, но властите во последните години почнаа да замижуваат. Членот е активен во законот и се користи ако се појави проблем“, изјави адвокатот.