Дома Топ вести Роналдо во Саудиска Арабија ќе живее во дворец од 14 милиони евра 🎥

Роналдо во Саудиска Арабија ќе живее во дворец од 14 милиони евра 🎥

Од вчера Кристијано Роналдо и официјално е фудбалер на Ал Наср каде што ќе игра за 200 милиони евра по сезона.

Португалецот беше дочекан како „крал“ во Ријад, па ќе има и таков третман. Роналдо ќе живее во најубавата населба во престолнината на Саудиска Арабија и тоа во вистински дворец кој има три вили и олимписки базен, вредноста се проценува на 14 милиони евра.

Главната куќа има осум спални соби, теретана, олимписки базен, плус и водопат кој е сместен крај влезната врета.

Обезбедено е и интернационално училиште за децата на Роналдо и тоа е во близина на дворецот, не е далеку ниту стадионот на Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…