Во сабота од 14:00 часот Барселона ќе го игра градското дерби против Еспањол, а тренерот Чави Ернандез доби одлични вести пред ова градско дерби.
Чави е свесен дека ги очекува незгоден натпревар против градскиот ривал и тој е среќен што ќе може да смета на услугите на полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Левандовски пред Мундијалот беше казнет со три натпревари поради црвениот картон против Осасуна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дополнителната суспензија Левандовски ја заработи поради непримерен гест кон судијата при излегувањето од теренот. Првично жалбата на Барселона беше одбиена, но Судот во Мадрид ја замрзна одлуката.
Одлуката не значи дека се поништува казната на Левандовски, туку таа е само замрзната до донесувањето на конечната одлука.
„Роберт ќе може да игра против Еспањол, но не знам дали ќе го имаме за Атлетико“ , изјави Чави на прес-конференцијата пред натпреварот.