Дома Фудбал Италија Жиру пред потпис!

Жиру пред потпис!

Францускиот напаѓач Оливие Жиру е блиску до продолжување на договорот со италијанскиот шампион Милан, пренесуваат медиумите на „Чизма“.

Искусниот, 36-годишен напаѓач дојде на „Сан Сиро“ во летото 2021 година во трансфер вреден 2.850.000 од Челзи и беше еден од најважните играчи во шампионската генерација на Милан минатата сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Французинот досега одигра 57 натпревари во дресот на „росонерите“ и постигна 23 гола.

Има договор меѓу челниците на Милан и Жиру за продолжување на соработката, а се треба да се официјализира наскоро кога агентот на напаѓачот ќе ги започне преговорите со клубот.

Јасно е дека поради возраста договорот ќе биде продолжен на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …