Дома Фудбал Анчелоти: Од мене никогаш нема да слушнете дека Меси е најдобар во историјата

Анчелоти: Од мене никогаш нема да слушнете дека Меси е најдобар во историјата

Лионел Меси успеа да го освои Мундијалот во Катар со репрезентацијата на Аргентина, а голем дел од навивачите сметаат дека со освојување на „божицата“, тој станал најдобар фудбалер во историјата.

Тоа мислење, сепак, не го дели тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Тешко може да се каже такво нешто. Неговата кариера ќе продолжи без разлика дали го освои Мундијалот или не. Дали е најдобар во историја? Искрено, не знам.

Секоја ера имаше добри фудбалери. Од мене никогаш нема да слушнете дека Меси бил најдобар во историјата“, кажа Анчелоти.

Анчелоти, исто така, посочи дека сака да остане тренер на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин во Скопје со порака за поддршка и со двоен роденденски повод

Претседателот на УЕФА го проследи дуелот Македонија – Словенија и ја нагласи блискоста со …