Фудбалерот кој одби да настапува за Македонија, Дејан Кулушевски е избран за најдобар фудбалер во Шведска за 2022 година.
22-годишниот фудбалер во овој момент настапува за Тотенхем како позајмен фудбалер од Јувентуус. Позајмицата има важност до 2023 година и засега на Кулушевски добро му оди во редовите на „петлите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кулушевски изрази големо задоволство за добивањето на наградата.
„Имав неверојатна година зад себе. Во Тотенхем се вратив во живот“, изјави Кулушевски откако го доби признанието.
Во изминатата година Кулушевски собра седум настапи за Шведска и во нив забелжа еден гол и три асистенции. Сезонава во Премиер лигата запиша пет асистенции и постигна еден погодок.