Дома Фудбал Италија Ањели: Тешко беше да се напушти Јувентус…

Ањели: Тешко беше да се напушти Јувентус…

Андреа Ањели на 28 ноември се повлече од функцијата претседател на Јувентус, а сега повторно зборуваше за оваа негова одлука.

Веќе е познато новото раководство на Јувентус, Џанлука Фереро е новиот претседател.  Во бордот на директори влегуваат уште Фиорана Виторија Негри, Маурицио Сканавино, Диего Пистоне, Лаура Капиело. Сите функции ќе бидат утврдени на 18. јануари за кога е закажано собрание на акционерите на клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Напуштањето на претседателството не беше лесна одлука за мене. Покрај тоа што го сакам Јуве, работев напорно за да ги постигнам извонредните резултати од последните години, на теренот и надвор од него.

Оваа одлука ја донесов во потполно спокојство, останувам цврсто убеден во добрата работа на сите овие години, мислење кое е потврдено и во последните недели со анализа на бројни експерти: Јувентус ќе ја демонстрира својата легитимност каде и да треба.

Мислев дека е соодветно да се направи чекор назад, за да се избегне дека воопшто може да се помисли дека изборот и одлуките што ќе се носат отсега се условени по моја лична наредба. Беше чест да се биде претседател на Јувентус, што е над се и над секого“, изјави Ањели.

Новиот претседател на Јувнетус, Фереро е роден во Торино и има диплопа за Економија и трговија. Во минатото бил на повеќе раководни позиции во многу компании. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…