Дома Фудбал Останато Играше со Карлос, Бекам, Раул…во Реал Мадрид, а денес работи како полицаец

Играше со Карлос, Бекам, Раул…во Реал Мадрид, а денес работи како полицаец

Фудбалерот, Мигел Анхел Нието одлучи да си оствари уште еден детски сон и сега работи како полицаец.

Нието ги помина сите категории на Реал Мадрид и во својата прва сезона во сезоната 2006/2007 соблекувалната ја делеше со фудбалери како Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Фабио Канаваро, Руд Ван Нистерлој, Икер Касиљас, Раул…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во таа сезона тој дебитираше во Лигата на шампионите, но и во Ла Лига, сепак никогаш посериозно не се наметна, па во продолжение најголем дел од кариерата помина како играч во втора и трета лига.

Кариерата ја заврши во 2019 година, но не остана во фудбалот туку се насочи кон детскиит сон да се вработи како полицаец.

„Животот е поделен на етапи, јас си ги остварив сите соништа. Заиграв за клубот на мојот живот и бев во иста соблекувална со големи фудбалски имиња, дебитирав во Лигата на шампионите, а како што доаѓаше крајот на мојата кариера размислував што сакам да правам во иднина.

Кон полициските службеници секогаш сум имал почит и им се восхитував, па одлучив да станам полицаец“, изјави Нието.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бербатов: Сите во Манчестер Јунајтед треба да се засрамат!

Продолжуваат критиките на сметка на Манчестер Јунајтед, а откако тоа го направи легендарни…