Дома Фудбал Англија Тен Хаг е јасен: Разбирам дека Мартинез е во еуфорија, но треба да сфати и дека имаме натпревар на 27-ми

Тен Хаг е јасен: Разбирам дека Мартинез е во еуфорија, но треба да сфати и дека имаме натпревар на 27-ми

Лисандро Мартинез со Аргентина стана светски шампион и секако дека тој како и останатите Аргентинци е во голема еуфорија, сепак набрзо ќе мора да се појави во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.

За Аргентина ова беше прва светска титула по пауза од 36 години и фудбалерите секако дека се уште уживаат во прославата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Тен Хаг сака Мартинез колку што е можно побрзо да дојде во клубот затоа што Премиер лигата продолжува многу брзо.

„Разбирам дека Лисандро слави во Буенос Аирес, секако дека знам што значи светската титула и еуфоријата. Но, исто така и тој треба да сфати дека имаме натпревар на 27. декември, Премиер лигата продолжува, немаме многу избор“, изјави Тен Хаг.

Претходно Јирген Клоп и Пеп Гвардиола критикуваа што Премиер лигата продолжува само една недела по завршувањето на Мундијалот.

Ливерпул и Сити веќе вчера играа натпревар од Лига Купот, победија „граѓаните“ со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…