Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Епилог од прославата во Аргентина: Илјадници луѓе примени во болниците, две лица загинаа, бебе е во кома…

Епилог од прославата во Аргентина: Илјадници луѓе примени во болниците, две лица загинаа, бебе е во кома…

Aргентина вчера спектакуларно ги дочека своите херои, но прославата во Буенос Аирес се претвори во вистински хаос во кој имало и жртви.

Медиумите пренесуваат дека во прославата имало две човечки жртви, а едно бебе се наоѓа во кома. Во болниците биле примени илјадници навивачи поради повреди.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Информациите се дека четири милиони Аргентинци излегле на улиците, според некои информации бројката била и пет милиони. Можеа да се видат видеа како се качуваат по семафори, автобуски постојки, станици, мостови, се качуваа на Обелискот висок 71.5 метри…

Двете жртви се млади лица на 24 и 22 годишна возраст. Едното лице го загубило животот откако паднал од стаклениот кров на кој бил качен и починал.

Друг навивач починал откако се задушил со знаме додека бил на мотор. Бебето се наоѓа во кома затоа што му паднал дел од споменик на кој биле качени десетина навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…