Дома Фудбал Полувреме: Меси и Ди Марија ја носат Аргентина на чекор од тронот🎥

Полувреме: Меси и Ди Марија ја носат Аргентина на чекор од тронот🎥

Аргентина има голема предност од 2:0 на полувремето против Франција и е блиску до светскиот трон.

Аргентинците подобро го отворија мечот, од самиот старт ја контролираа играта и создаваа полу шанси.

Во 22-та минута Дембеле го сруши Ди Марија во казнетиот простор, судијата покажа на балета точка, а сигурен реализатор беше Меси.

Десет минути подоцна Аргентина изведе одлична полуконтра која со гол ја заврши Ди Марија за предност од 2:0.

Франција беше целосно индиспонирана и го одигра најлошото полувреме, без да создаде ниту една шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …