Дома Останати Кошарка НБА Леброн се радуваше против Јокиќ, Дончиќ и Далас убедливи против Портланд

Леброн се радуваше против Јокиќ, Дончиќ и Далас убедливи против Портланд

Кошаркарите на Далас лесно се справија и на домашен терен славеа против Портланд со 130:110, а во центарот на вниманието повторно беше Лука Дончиќ.

Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, шест скока и девет асистенции. Одлична помош имаше од Крис Вуд кој постигна еден поен помалку. Кај Портланд најефикасен беше Демијан Лилард со 24 поени, за Портланд ова беше втора победа во последните пет натпревари со Далас.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Второто дерби го играа Лејкерси и Денвер, а славеше тимот на Леброн. Леброн Џејмс постигна 30 поени, додека Расел Вестбрук оствари трипл-дабл од 15 поени, 11 скока и 12 асистенции. Во редовите на Денвер одличен беше Никола Јокиќ со 25 поени, 11 скока и осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Атланта 106-125, Детроит – Сакраменто 113-122, Бостон – Орландо 109-117, Кливленд – Индијана 118-112, Филаделфија – Голден Стејт 118-106, Торонто – Бруклин 116-119, Чикаго – Њујорк 91-114 и Оклахома – Минесота 110-112, Далас – Портланд 130-110, ЛА Лејкерс – Денвер 126-108.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Избран фудбалерот на сезоната во Премиер лигата!

Премиерлигашката сезона завршува со утрешните натпревари, а денеска Премиер лигата објави …