Дома Фудбал Репрезентации Жулио Цезар: Секој Бразилец треба да навива против Аргентина

Жулио Цезар: Секој Бразилец треба да навива против Аргентина

Oчите на фудбалската јавност викендов како и во изминатиот месец ќе бидат вперени во Катар каде што ќе се игра финалето на Светското првенство. Силите во битката за најпосакуваниот трофеј ќе ги одмерат Аргентина и Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред финалето во недела се огласи и легендарниот бразилски голман Жулио Цезар. Легендарниот голман со Интер стигна до историската тројна круна, а во финалето истакна дека ќе навива против Аргентина.

Очекувањата на Цезар се дека секој Бразилец во овој натпревар ќе навива за Франција.

„Бразилците треба да навиваат за Франција во финалето. Го сакам Меси, но како и секој друг Бразилец, го познавам добро и ривалството меѓу Бразил и Аргентина. Да беше Бразил во финале, Аргентинците немаше да навиваат за нас“, изјави Цезар.

Финалето се игра во терминот од 16:00 часот, еден ден порано во истиот термин за бронзата ќе играат Мароко и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…