Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси: Ливаковиќ има еден трик при пеналите, јас го прочитав

Меси: Ливаковиќ има еден трик при пеналите, јас го прочитав

Минамино, Митома, Јошида, Родриго…Навивачите на Хрватска се надеваа дека на оваа низа на играчи на кои Ливаковиќ им одбранил пенал на ова Светско првенство ќе се најде и Лионел Меси.

Меѓутоа еден од најдобрите фудбалери во историјата шутираше неодбранливо и го постигна првиот гол за Аргентина во победата од 3:0 на Светското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ливаковиќ брани одлично за Хрватска во текот на целото Светскот првенство, па така и Аргентинците посебно се припремале. Меси откри дека посветил посебно време на проучувањето на тоа како Ливаковиќ ги брани пеналите.

„Со нашите голмани Мартинез и Рули детално го проучувавме хрватскиот голман при изведувањето на пенали. Веднаш забележавме дека секогаш ги чека играчите, односно по залетот, погледот и позицијата на телото проценува каде фудбалерот ќе шутира.

 Затоа сфатив дека не смеам да чекам, туку да шутирам што е можно побрзо. Колку повеќе се задржувате, Ливаковиќ има поголеми шанси да го одбрани ударот. Затоа одлучив да шутирам така како што шутирав и бев успешен“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барселона може да купи косовски напаѓач за 40 милиони евра!

Фудбалскиот клуб Барселона го дефинираше својот план за летниот трансфер период, со акцент…