Дома Фудбал Дешамп: Ова е награда за големиот труд

Дешамп: Ова е награда за големиот труд

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп истакна дека пласманот во финалето на Светското првенство е награда за напорната работа на неговите фудбалери.

„Има емоции, гордост. Очигледно дека беше тежок меч, но стигнавме до крајот и не очекува ново финале. Заедно сме еден месец, никогаш не е лесно, но досега беше задоволство и моите играчи беа наградени за големиот труд“, изјави Дешамп.

Франција во полуфиналето го победи Мароко со 2:0 и се пласира во финалето, каде ќе има можност да ја брани титулата од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …