Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го објави списокот со повикани ракометари за Светското првенство во Полска.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија ќе игра во групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон Арена“. Настапот го започнуваме на 13.01.2023 против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот.




Потоа следи дуелот против репрезентацијата на Холандија на 15.01 во 18:00 часот, а последниот натпревар од групната фаза е на 17.01 против Аргентина во 18:00 часот.




Собирот на репрезентацијата е закажан на ден 20.12.2022 (вторник) во 11:30 h, Хотел Александар Палас во Скопје.
