Дома Македонски спорт Мак ракомет Сара Ристовска останува во ЦСКА Москва – потпиша нов договор!

Сара Ристовска останува во ЦСКА Москва – потпиша нов договор!

Сара Ристовска го продолжи договорот со ЦСКА Москва и официјално стави потпис на нов договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За ЦСКА Ристовска настапува од 2019 година кога пристигна од Крим и со овој тим учествуваше на фајнфор турнирот во Лигата на шампионите.

Иако се уште се на сила санкциите руските клубови да не настапуваат во европските купови, тоа не беше пречка Ристовска да ја продолжи соработката.

„ЦСКА е едно големо семејство, пресреќна сум што потпишав нов договор и што ќе продолжам тука. Навистина сум пресреќена, го научив јазикот и запознав многу добри луѓе тука.

Верувам дека ќе продолжиме заедно да остваруваме добри резултати. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за искажаната поддршка“, изјави Ристовска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…