Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кејн: Ја преземам одговорноста, огорчен сум

Кејн: Ја преземам одговорноста, огорчен сум

Хари Кејн беше трагичар за Англија во елиминацијата од Франција во четвртфиналето на Мундијалот.

Кејн промаши пенал на неколку минути до крајот и пропушти да израмни, па Франција победи со 2:1, а тој ја презеде одговорноста.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Јас сум огорчен, тимот е огорчен. Имавме верба дека можеме да направиме нешто специјално, нешто големо на ова Светско првенство, а на крајот си заминуваме поради ситни детали“, изјави Кејн.

„Не можам да се обвинувам за лоша подготовка или за некој детал, ова беше само една погубна ноќ која многу боли. Првиот пенал беше одличен, а вториот, не шутнав како што сакав. И јас ја преземам одговорноста, ова ќе боли уште многу долго време. Цел меч е болен за нас, зашто знаевме што сакаме да постигнеме“, додаде Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Хит напаѓачот на Реал дозна каква иднина го чека. Одлуката е донесена.

РЕАЛ МАДРИД ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство, а за тоа големи заслуг…