Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ИСТОРИЈА: Мароко ќе игра полуфинале на Светско првенство!

ИСТОРИЈА: Мароко ќе игра полуфинале на Светско првенство!

Мароко ја елиминираше Португалија и испиша историја на – ќе игра полуфинале на Светското првенство!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денес Мароко успеа да слави против Португалија со 1:0. Португалците денес скоро и да не направија ништо посериозно. Гонсало Рамош од една случајна акција ја погоди стативата само неколку минути по голот Ел Несири во 42. минута.

Роналдо во игра влезе во 51. минута кога го замени Рубен Невеш, сепак и тоа не беше доволно. Роналдо не беше опасен како и останатите Португалци. Мароко во 93. минута остана и со играч помалку кога исклучување заработи Чедира, но и така обезбеди историско полуфинале.

Треба да се знае дека Мароко е првата земја од Африка која ќе игра полуфинале на еден Мундијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…