Аргентина вчера славеше на пенали против Холандија и обезбеди пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Хрватска.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вчерашниот натпревар беше полн со тензии, а внимание привлече и контроверзната прослава на Отаменди.




Отаменди им се радуваше во лице на холандаските фудбалери откако Лаутаро го реализираше последниот пенал во серијата.




По натпреварот дефанзивецот ја објасни својата реакција.




„Така славев затоа што еден холандски фудбалер на секој пенал кој нашите играчи го изведуваа доаѓаше и зборуваше нешто. Сликата не е извадена од контекст, тоа беше мојот одговор на нивното однесување“, изјави Отаменди.
Otamendi 💀 pic.twitter.com/G7dbfYaww7
— B24 (@B24PT) December 9, 2022