Бразил вчера беше на чекор до полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, но налета на незгодните Хрвати кои на пенали го елиминираа поранешниот светски шампион.
Нејмар го постигна единствениот гол за Бразил во продолженијата, кога одлично ги изигра Хрватите и ја затресе мрежата на Ливаковиќ, но радоста не траеше долго бидејќи „коцкесттие“ преку Петковиќ израмнија на 1-1 во финишот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот е разочаран по поразот на неговата татковина, па кажа дека би можел да ја напушти репрезентацијата.
„Не знам дали ќе продолжам во репрезентацијата. Има многу работи за кои морам да размислам. Не сакам да зборувам за тоа додека сум под влијание на емоции.
Сакам да имам доволно време за да донесам конечна одлука“, кажа Нејмар.