Холандската фудбалска легенда, Рафаел ван дер Варт се потсети на емотивното пензионирање на Горан Пандев кое се случи токму против Холандија на Европското првенство.
Последниот натпревар за македонската репрезентација Горан Пандев го одигра против Холандија во Амстердам на Европското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога Пандев беше заменет во текот на второто полувреме, македонските фудбалери формираа шпалир и со аплауз го испратија.
Македонската легенда доби почести и од холандските репрезентативци и аплауз од целиот стадион.
„Мислам дека тоа беше одлично. Тој е како Јохан Кројф од Македонија. Морници ме полазаа, ми се насолзија очите. Мислам дека е убаво таквите големи фудбалери да добиваат такви испраќања“, изјави Ван дер Варт.