Портланд и Денвер изминатата вечер го одиграа најлудиот натпревар во НБА лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последните шест ипол минути видовме игра кош за кош се до девет десетинки до крајот кога Мареј со тројка донесе победа за гостите од 120:121.




Со овој триумф Денвер стави крај на серијата од три порази во низа. Тимот на Никола Јокиќ во овој момент е на скор 15:10.




Во последната четвртина Портланд влезе со 11 поени предност, но гостите со кошот на Јокиќ на пет ипол минтуи пред крајот поведоа со 105:104.




Мареј кој беше херојот на Денвер натпреварот го заврши со 21 поен. Најрасположен и во овој натпревар беше Јокиќ со дабл-дабл од 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. На спротивната страна Лилард уфрли 30 поени, Нуркиќ додаде 21 поен и 9 скока.




НБА РЕЗУЛТАТИ: Мајами – ЛА Клиперс 115-110, Сан Антонио – Хјустон 118-109, Портланд – Денвер 120-121.