Се очекуваше Елмас сезонава да игра повеќе во Наполи, но кај Спалети засега предност има Грузиецот Квича Кварацкелија.
Но, во последните натпревари пред паузата за Мундијалот Елмас доби шанса поради повредата на Грузиецот и таа прилика и тоа како знаеше да ја искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент Наполи е на подготовки во Турција, а новинарите го запрашаа Спалети за ситуацијата со Елмас. Елмас е посебно интересен за турските новинари затоа што го носеше дресот на Фенербахче.
И во оваа изјава за Елмас Спалети не штедеше комплименти за македонскиот „дијамант“.
„Без разлика дали игра или не, тој е сјајот во моите очи. Станува збор зао длично момче кое може да игра на било која позиција. Фудбалер е кој сака да работи и да биде се подобар и подобар. Може да реши натпревар и ако игра десет минути. Трча, притиска, прима топка…“, изјави Спалети.