Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Португалија без Роналдо ја прегази Швајцарија

Португалија без Роналдо ја прегази Швајцарија

Португалската репрезентација супериорно ја надигра Швајцарија и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.

Роналдо започна на клупата за резерви, а херој за Португалците овој пат беше Гонзало Рамос, кој постигна хет-трик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму Рамос го отвори резултатот во 17-та минута, а Пепе зголеми на 2:0 во 33-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Португалија повторно тргна фуриозно и во првите десет минути постигна уште два гола преку Рамос и Гуереро, а Аканџи во 58-та минута намали на 4:1.  Десет минути подоцна Рамос го комплетираше хет-трикот за 5:1.

Роналдо во игра влезе во 73-та минута, а конечните 6:1 беа дело на Рафаел Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…