Рахим Стерлинг вчера не беше дел од победата на Англија против Сенегал, а селекторот Герет Саутгејт не знае дали тој воопшто ќе се врати на турнирот.




Пред натпреварот се шпекулираше дека Стерлинг се враќа во Англија, тоа го потврди Саутгејт на прес-конференцијата по натпреварот.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Има работи кои се поважни од фудбалот. Да, Стерлинг се враќа во Англија. Ќе му биде потребно време со неговото семејство да се справи со тоа што му се случи и не сакам да му ставаме дополнителен притисок.




Дали ќе се врати? Не знам. Во овој момент приоритет е да биде со неговото семејство“, изјави Саутгејт.




Не е потврдено, но медиумите меѓу кои е и „Би-Би-Си“ пренесуваат дека во домот на Стерлинг влегле крадци додека целото семејство било внатре. Засега не се откриваат повеќе информации.



