Дома Топ вести Неверојатно: Баерн преговарал со погрешен агент, па Дембеле заврши во Дортмунд!

Неверојатно: Баерн преговарал со погрешен агент, па Дембеле заврши во Дортмунд!

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен направил аматерска грешка во трката за потписот на Осман Дембеле, кој летово го засили лутиот ривал Борусија Дортмунд.

Иако Баерн важи за клуб со перфектна организација, каде се фукционира беспрекорно, сепак и Баварците знаат да направат грепшка и тоа аматерска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еминентниот „Билд“ пренесува дека двата клуба уште кон крајот на 2015 почнале да работат на зделката, но директорот на Баерн, Михаел Решке преговарал со погрешен агент. Тој го договарал трансферот со Баду Самбагу, но агентот повеќе не бил задолжен за кариерата на Осман Дембеле.

Таквата аматерска грешка им помогнала на „милионерите“ лесно да дојдат до потписот на талентираниот фудбалер бидејќи стапиле во контакт со вистинскиот агент, Марко Кирдемир.

19 годишниот Французин игра одлично во Дортмунд од почетокот на сезоната и важи за еден од најталентираните фудбалери во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…