Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Швајцарија со Бразил во осминафинале, Србија елиминирана

Швајцарија со Бразил во осминафинале, Србија елиминирана

Репрезентацијата на Србија вечерва беше поразена од Швајцарија 3:2 со што го заврши настапот на Светското првенство.

Џердан Шаќири после само 20 минути го отвори резултатот и донесе преднсот за Швајцарија, Србија успеа да се врати шест минути подоцна кога погоди Митровиќ со глава. Успеа Србија десет минути подоцна и да направи пресврт со голот на Влаховиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарија до изедначување стигна во последните минути од првото полувреме со голот на одличниот Емболо. Само што започна вториот дел Швајцарија преку Фраулер дојде до 3:2.

До крајот гледавме помирна игра во која изостанаа големи прилики, па така Швајцарија победи и како второпласирана продолжува во осминафиналето. Бразил иако беше поразен од Камерун сепак, остана на првата позиција. Победничкиот гол за Камерун го постигна Абубакар во судиското продоложение. Неколку моменти по голот Абубакар беше исклучен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…