Дома Фудбал Останато Русија ја напушта УЕФА, имаат нов план

Русија ја напушта УЕФА, имаат нов план

По речиси една година суспензија од сите натпреварувања, Русите размислуваат да ги напуштат сите натпреварувања под капата на УЕФА и да се преселат во Азија.

Ваквата одлука ќе им овозможи на репрезентацијата и клубовите повторно да се натпреваруваат на меѓународна сцена, што им е забрането уште од март 2022 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Пред неколку месеци реков дека размислувањето за преселба во Азија е прерано, но сега е можност која треба да ја разгледаме“, изјави Александер Дјуков, претседателот на руската Федерација.

Во февруари ФИФА и УЕФА донесоа одлука да ги суспендираат сите руски клубови и репрезентацијата од нивните натпреварувања, откако Москва започна „специјална воена операција“ на истокот на Украина.

Доколку Русија ја напушти УЕФА и почне да се натпреварува во АФЦ, нивната репрезентација би се обидела да стигне до Светското првенство преку азиските квалификации. Исто така, екипите би играле клупски натпреварувања во Азија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот голман од Премиерлигата се бори со две сериозни болести! Неговата ќерка ја сподели потресната вест

Поранешниот голман на Премиерлигата, Расел Хоулт (52), се соочува со две тешки дијагнози и…