Дома Офсајд Сите жени го сакаат сега кога е славен, но само една била крај него кога бил водоводџија

Сите жени го сакаат сега кога е славен, но само една била крај него кога бил водоводџија

Конор Мекгрегор, славниот и денес веројатно најизвикан ММА борец, е скришна или отворена страст на многу жени, а освен мускулите и имиџот на лошо момче, одушевени се од неговиот моден стил, карактер и посветеноста на семејството.

По неодамнешниот бокс натпревар меѓу Конор и Флојд Мејведер, Мекгрегор го привлече вниманието на многу жени кои останале цела ноќ будни за да го следат мечот од минута во минута.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако не победи, Мекгрегор секако стекна популарност кај жените, пред се поради имиџот на лошо момче, со излиени мускули и секси тетоважи.

Конор е вистински фан на скапи автомобили и има возен парк кој се состои од Бентли, Ламборџини и Ролс Ројс, а еднакво ужива и во добрата мода.

Во неговиот гардеробер можат да се најдат луксузни дизајнерски парчиња, а пред се станува збор за елегантни костуми изработени од фина италијанска свила. Тој дури издал и книга за облека со неговиот лик, а најавил и брендирање на виски.

Сепак, тоа е само негов имиџ на опасно момче, бидејќи Конор е вистински семеен човек. Пред да го оствари успехот во светот на боксот, тој работел како водоинсталатер и се забавувал со Ди Девлин.

Со Ди е девет години во љубовна врска, а неодамна доби и син на кого му го дал неговото име. Во најтешките моменти оваа жена му била вистинска поддршка, а нивната приказна многумина ја нарекуваат „модерна бајка“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Нејмар повторно е во врска со девојката која ја изневерил 92 пати

Бразилецот Нејмар вчера се врати на терените по долгата пауза поради повреда, а медиумите …