Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои уште еден трофеј на завршниот мастерс во Торино, откако во неделата славеше со 2-0 во сетови против Каспер Руд.
Ѓоковиќ ја дополни својата колекција со уште една титула, а притоа заработи 4,7 милиони долари, по што на прес-конференција зборуваше за наградите кои ги добиваат тенисерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Луѓето може да видат колку заработуваме. Тоа што не пишуваат медиумите се даноците и другите трошоци, но тоа е во ред.
Не можам да зборувам за пари како еден од проблемите во мојот живот. Знам како е да немате ништо на маса. Секое мое евро е заработено со труд, пот и солзи. Ништо не земам здраво за готово“, вели тој.