Дома Македонски спорт Алчевски: Жалиме за пропуштената шанса за победа, против Србија нема да биде лесно

Алчевски: Жалиме за пропуштената шанса за победа, против Србија нема да биде лесно

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во Ларнака ги продолжува подготовките за претстојниот контролен дуел против Србија, по вчерашниот меч со домаќинот Кипар.

Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси, Македонија и Кипар одиграа нерешено 1:1.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стрелец на единствениот погодок за Македонија беше Марио Илиевски во 66. минута од средбата. Можеме да жалиме за пропуштената победа на овој дуел, бидејќи во 85. минута не успеавме да реализираме удар од 11. метри.

Марко Алчевски, еден од најдобрите поединци на вчерашниот меч против Кипар, кој имаше неколку извонредни интервенции даде своја анализа за вчерашната игра на Македонија.

„Одигравме навистина добар натпревар против квалитетната и незгодна селекција на Кипар. Жалиме за пропуштената победа, но што е тука е, одиме понатаму. Имаше доста позитивни работи во нашата игра на вчерашниот меч против Кипар, но и сегменти и делови од играта каде што мораме да се подобриме. На прав пат сме, сакаме да бидеме подобри на секој нареден меч.

„Нема да биде лесно против селекцијата на Србија, имаме одличен противник за надигрување, сакаме да оствариме победа.  Имаме квалитетен тим, владее одлична енергија помеѓу нас фудбалерити, поседуваме јасна цел и визија. Треба на секој натпревар да пристапиме со одлучност и голема желба за победа“, изјави Алчевски.

На 22. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе одиграат уште еден контролен натпревар против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…