Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ би можел да го напушти клубот после Светското првенство.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.




Неговиот договор со Челзи е до јуни 2024 година, а англискиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра.




Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да го доведат во јануари.




Двата клуба ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.