Дома Фудбал Останато Мудрик шокиран од цената која ја одреди Шахтјор за него: Кој ќе плати 100 милиони евра за фудбалер од Украина?

Мудрик шокиран од цената која ја одреди Шахтјор за него: Кој ќе плати 100 милиони евра за фудбалер од Украина?

Фудбалерот на Шахтјор Михјало Мудрик важи за еден од најперспективните фудбалери во Украина, а со добрите настапи во Лигата на шампионите дополнително го сврте вниманието на себе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шатхјор не сака лесно да се откаже од неговите услуги и постави цена која тешко дека некој ќе ја плати. Украинскиот клуб бара 100 милиони евра, а дека е премногу е свесен и самиот Мудрик.

„Навистина бев изненаден кога слушнав која е цената која ја поставил Шахтјор. Имам долгорочен договор со Шахтјор и го дава максимумот, но секој фудбалер сонува да игра за топ клуб и во најсилните првенства, па не сум исклучок и јас.

Сигурно никој нема да плати 100 милиони евра за фудбалер од првенството на Украина. Нема да кријам дека сум вознемирен затоа што тие 100 милиони евра се пречка за мојата транзиција во посилно првенство“, изјави Мудрик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатниот Хари Кејн ги урна соништата на Конго! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Англија, водена од извонредниот Хари Кејн, направи значителе…