Дома Македонски спорт Мак фудбал Младите Шишковски и Велковски повикани за Израел!

Младите Шишковски и Велковски повикани за Израел!

Репрезентативците на Македонија до 21 година, Дарко Велковски и Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање во најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6 октомври во Скопје.

Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласиле дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој најдобрата селекција, в четврток, ќе го одигра во Скопје.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година.

Најдобрата селекција по мечот со Израел, ќе одигра уште еден натпревар во Скопје, в недела против Италија, додека младата селекција на 11 октомври ќе ја пречека Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

РФМ по популарни цени ги пушти во продажба билетите за бараж натпреварот со Полска – средствата ќе се донираат за настраданите во пожарот во Кочани

Ракометната Федерација ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во …